НЕ ЈА ПОТПИШАВ ПРОГРАМАТА ЗА КУЛТУРА СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ, ТУКУ ГО ПОЧИТУВАМ МИСЛЕЊЕТО НА КОМИСИИТЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ АДЕМИ ВО СОБРАНИЕТО

    НЕ ЈА ПОТПИШАВ ПРОГРАМАТА ЗА КУЛТУРА СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ, ТУКУ ГО ПОЧИТУВАМ МИСЛЕЊЕТО НА КОМИСИИТЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ АДЕМИ ВО СОБРАНИЕТОМинистерот Адеми, националниот координатор за култура и поранешен министер за култура Роберт Алаѓозовски и посебната советничка за култура на премиерот Цветанка Ласкова денеска учествуваат на надзорната расправа на тема Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 (Фото: К. Попов)

    Не ја потпишав програмата со затворени очи, туку го почитувам мислењето на комисиите и нивните членови, одговори министерот за култура Асаф Адеми на прашањето од пратеничката Нора Исмајлоска-Старовa за ревидирање на Годишната програма за нацинален интерес во културата, на Надзорната расправа на собраниската Комисија за култура. Адеми во обраќањето рече дека ниту еднаш не го искористил дискреционото право за одлучување при финансирањето на проектите.

    Министерот Адеми, националниот координатор за култура и поранешен министер за култура Роберт Алаѓозовски и посебната советничка за култура на премиерот Цветанка Ласкова денеска учествуваат на надзорната расправа на тема Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018.

    Пратеничките Магдалена Манаскова и Микица Корубин го прашуваа министерот како е можно невладини организации и здруженија да добијат повеќе пари од национални установи, како на пример Ден на грозјето од Еко вида Скопје да добие 780 илјади денари, а Музејот на Гевгелија да добие 630 илјади денари. Одговорите министерот ќе ги достави во писмена форма. Пратеничките побараа од Адеми да им ги достави биографиите на сите членови на комисиите.

    По обраќањето на Алаѓозовски, кој ја бранеше програмата од 2017, пратеничката Ане Лашкоска му рече дека заборава оти не е министер за култура и ги праша како е можно додека беше на таа функција да им одобри речиси 15 милиони денари на неговите, како што рече, „пријатели од независниот сектор Јадро“ во кои е содржана „Контрапункт“ чиј основач е самиот тој. Алаѓозовски врати дека прашањето е евтина партиска пропаганда и дека од 2007 не е член на „Контрапункт“.

    „Како вие со толкаво искуство во фолк естрадата и која имате фолк хитови на фестивалот Валандово дозволивте фестивалот годинава да добие 1 милион денари, за 800 илјади помалку од лани“, ја праша пратеничката Лашкоска посебната советничка за култура на премиерот Цветанка Ласкова.

    Таа кажа дека немала никаква улога во одлучување за проектите,туку нејзината работа била само да се информира и да изврши увид во Годишната програма.

    „Сум организирала разни настани и лично знам дека трошоците за Валандово се 5 милиони денари.Годинава доби 1 милион,тоа е само капка во морето, но фестивалот добива пари и од Општината“, рече Ласкова.

    Пратеничката ја праша и дали се чувствува непријатно што ја ревидирала програмата на примадоната Весна Ѓиноска-Илкова која беше членка на комисијата за музичко-сценска дејност. Ласкова повтори дека немала никаква извршна улога во одлучувањето и дека нејзината улога како посебен советник е да биде мост меѓу премиерот и Министерството за култура.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира