НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО СМЕНИМЕ УНИВЕРЗАЛНОТО ПРАВО СОСЕДИТЕ ДА СИ СЕ НАРЕКУВААТ МАКЕДОНЦИ, ВЕЛИ КОЅИЈАС

    НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО СМЕНИМЕ УНИВЕРЗАЛНОТО ПРАВО СОСЕДИТЕ ДА СИ СЕ НАРЕКУВААТ МАКЕДОНЦИ, ВЕЛИ КОЅИЈАСГрција не ја освоила Македонија преку војна, па да ѝ наметнува она што го сака, кажа Коѕијас - од потпишувањето на договорот во Преспа на 17 јуни високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини - (Фото: М. Златевска)

    Никој на нашите соседи не може да им го одземе правото да се нарекуваат Македонци, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, а го пренесе МИА.

    Тој вели дека на ниеден народ не може да му се наметне како ќе се самоопределува.

    „Граѓаните на оваа земја имаат право да се самоопределуваат и тоа е универзалното право, што не можеме да го смениме. Ние можеме да ги нарекуваме како сакаме и на официјално ниво ќе се користи името Република Северна Македонија“, кажа Коѕијас, додавајќи дека условите конечно биле зрели да се реши ова прашање.

    За Коѕијас, договорот од Преспа е компромис, во кој и двете страни направиле отстапки.

    „Грција не го освоила северниот сосед, па да му наметнува и диктира нешто што ние го сакаме. Ако ништо не се прашуваше другата страна, тогаш можевме да ја викаме и Северна Алјаска, а не Северна Македонија. Сакаме и другата страна да ја убеди својата јавност, да го добие референдумот, да го смени уставот и да донесе тешки одлуки“, вели Коѕијас.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира