НЕ МОЖЕМЕ ДА ИМ ЗАБРАНУВАМЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАДЕ ДА СЕ ДВИЖАТ ВО СЛОБОДНО ВРЕМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНА ТАНАСОСКИ ЗА ДВАЈЦАТА НЕГОВИ ВРАБОТЕНИ КОИ БЕА КАЈ ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА

    НЕ МОЖЕМЕ ДА ИМ ЗАБРАНУВАМЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАДЕ ДА СЕ ДВИЖАТ ВО СЛОБОДНО ВРЕМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНА ТАНАСОСКИ ЗА ДВАЈЦАТА НЕГОВИ ВРАБОТЕНИ КОИ БЕА КАЈ ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТАИзбеганиот осуден премиер Никола Груевски беше снимен во ресторан во Будимшешта од унгарскиот портал „24“ на 12 декември. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Покрај Александар Трајковски, уште едно лице вработено во Царина било во посета на азилантот Никола Груевски во Будимпешта, потврди директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

    Лицето со кое избеганиот Груевски ручаше во ресторан во Будимпешта, кога беше снимен од унгарскиот портал „24“, е вработено во Секторот за контрола и истраги и додека бил во посета на експремиерот користел годишен одмор.

    Директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски на денешниот брифинг со новинарите. (Фото: СДК.МК)

    „Второто лице кое го имаше на снимка и беше препознаено земал два дена годишен одмор и користел еден слободен ден. Не би сакал да откривам повеќе детали бидејќи освен за бегството на Груевски, обвинителството за организиран криминал води и друга истрага и наскоро ќе биде информирана јавноста“, рече Танасоски.

    И двајцата вработени кои беа во посета на Груевски сега доаѓаат секој ден на работа.

    „Ние како Царина не можеме да им забрануваме на вработените во нивното слободно време или приватен живот каде да се движат. За двајцата вработени имаме истраги кои ќе покажат дали имало злоупотреби“, додаде Танасоски.

    Трајковски, кој е еден од обвинетите во предметот на СЈО Насилство во Општина Центар, на судењето тврдеше дека бил во Будимпешта на преглед на синусите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира