НЕ ОТСТАПУВАМЕ СИТЕ ДЕЦА ДА БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ, НЕ СМЕЕ ДА ЗАМИЖЕМЕ И ДА ДОЗВОЛИМЕ ЕПИДЕМИИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    НЕ ОТСТАПУВАМЕ СИТЕ ДЕЦА ДА БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ, НЕ СМЕЕ ДА ЗАМИЖЕМЕ И ДА ДОЗВОЛИМЕ ЕПИДЕМИИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕНе смееме, кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижеме и да направиме пропуст и да ни се случуваат вакви епидемии“, рече министерот за здравство Венко Филипче (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче рече дека не отстапуваат од ставот сите деца да бидат вакцинирани, како оние што одат во градинка, така и оние што се примаат во училиштата, по вчерашната изјава на министерот за образование Арбер Адеми дека e можно децата да се запишат сега, а потоа да се вакцинираат.

    „Сакам да потенцирам дека нема да отстапиме од ставот дека сите деца што се примаат и во градинките и во училиштата да бидат вакцинирани. Не смееме, кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижеме и да направиме пропуст и да ни се случуваат вакви епидемии“, рече Филипче на промоцијата на новите амбулантни возила во Брза помош во Скопје.

    Тој кажа дека во неделата во Собранието, по инагурацијата на претседателот Стево Пендаровски, имале неформална средба со министeрот за образование и со министерката за правда, а на средбата биле присутни и повеќе пратеници, меѓу кои и доктори.

    „Но, министерот за образование сакаше тоа прашање да го постави денес на седницата на Владата, за да добиеме соодветни правни мислења од Секретаријатот за законодавство. Верувам дека до крајот на денот ќе излеземе со еднo усогласено мислење“, рече Филипче.

    Според последните информации од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатата недела од мали сипаници се разболеа скоро 1.400 лица, а 4 деца починаа. Од почетокот на епидемијата досега вкупно се вакцинирани 24.023 лица.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари