„Ракот за мене е најголемиот убиец, напаѓа и млади и стари. На тие што сега се борат ќе им порачам да не се предаваат, да мислат позитивно дека ќе победат и ќе победат. Порано да одат на прегледи, да вршат самопрегледи на дојките“, вели членка на Здружението Борка, која четири пати се оперирала од рак.
Здружението за борба притив рак Борка денес го одбележува Светски ден на борба против ракот, а како што вели претседателката Биба Додева, овој ден се одбележува од 2000 година, а целта е да се здружат Владата, институциите и невладиниот сектор за да се подогне свеста за рана дијагноза.
„Последните две години направивме еден значаен чекор во треманот, дијагнозата и превенцијата на малигните заболувања. Во нашата држава сега нема ниту еден пациент кoј чека за лек, имаме триесет нови лекови, најсовремена терапија за ракот на дојка, двојно читање на мамографските слики, за ракот на грлото на матката имаме најсовремена четиривалентна вакцина. Сѐ повеќе девојки и млади жени пројавуваат интерс да се вакцинираат и имаме значајно помал број на вакви случаи во 2019. Целокупниот трошок сега го покрива државата“, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Б. НЕСТОРОСКА