НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ВИНОВЕН, КАЖА ОБВИНЕТИОТ МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА НЕГОВАТА ОБЈАВА НА ФЕЈСБУК ЗА ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА

    НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ВИНОВЕН, КАЖА ОБВИНЕТИОТ МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА НЕГОВАТА ОБЈАВА НА ФЕЈСБУК ЗА ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈАНовинарот Миленко Неделковски пристигнува во Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    Новинарот Миленко Неделковски, обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет, по пожарите кои летото ја зафатија Грција во кои загинаа 99 лица и стотици беа повредени, на денешното прво судско рочиште кажа дека не се чувствува виновен.

    Неделковски се товари дека 4.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на Фејсбук објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа, со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

    На 24 јули по пожарите во Атина, Неделковски на својот Фејсбук профил напиша „Да сме на чисто. Ич не ги жалам. Да даде Господ милион пати да им е полошо. Живи гореле на Атика. Не ги жалам. Нив Бог ги пали, не јас. Они моите сонародници не ги жалеле иако не Бог ами Британците ги палеле. Така да, арно Бог ви прави. Живи ве гори. Сите до еден да изгорите“.

    На 22 февруари ќе продолжи расправата, бидејќи за денес немаше технички услови за преглед на статусот на Неделковски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира