НЕ СЕ УКИНУВА ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА, ТУКУ СЕ СПОЈУВА ВО ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ИСТО КАКО И ГЕОГРАФИЈА, ОТИ УЧЕНИЦИТЕ НЕ ЗНААТ ДА ПОВРЗУВААТ ФАКТИ, РЕЧЕ ЦАРОВСКА

    НЕ СЕ УКИНУВА ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА, ТУКУ СЕ СПОЈУВА ВО ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ИСТО КАКО И ГЕОГРАФИЈА, ОТИ УЧЕНИЦИТЕ НЕ ЗНААТ ДА ПОВРЗУВААТ ФАКТИ, РЕЧЕ ЦАРОВСКА„Нашите ученици учат многу предмети, но не знааат да ги поврзуваат“, рече Царовска. (Фото: СДК.МК)

    Нема ништо спорно, најмодерна пракса е спојувањето на предметот историја во општествни науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, по реакциите на социјалните мрежи дека се укинува предметот историја.

    „Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици“, рече Царовска на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада.

    Со реформите, за кои вчера министерката онлајн разговараше со наставници и директори, предвидено е учениците да поминуваат повеќе време во училиште, но не само за настава, туку и за други активности и курсеви како што се дополнителен спорт, дополнителни часови по кодирање, дополнителен странски јазик.

    „Оваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултати. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме. Нашата идеја е да создадеме млади граѓани кои се европски настроени. Нашите ученици учат многу предмети, но не знааат да ги поврзуваат. На пример, за да зборувате за озон, или за култура, мора да поврзете многу аспекти и предмети“, кажа Царовска и апелираше до учениците и наставниците да ги следат реформите и дека овој концепт детално ќе биде објаснет на јавноста.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира