Минстерот за здраство Венко Филипче кажа дека при вчерашната посета на Кризниот штаб во Куманово не знаеле дека на членовите им биле земени брисеви и дека се очекуваат резулатите за коронавирус. Филипче од денес е во домашна самоизолација, по информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваше и Филипче, е позитивен на КОВИД-19.
„Ние не знавеме за тоа, да знаевме, поинаку ќе се организиравме. Не знам зошто не бевме известени, одговорот треба да го барате таму. Но, секако сме бевме спремни за ваква ситуација, имаше вакви ситуации во светот и сакам да уверам дека сите институции беспрекорно ќе функционираат“, кажа министерот на онлајн прес-конференцијата.
На прашање дали дали ќе побара одговорност од градоначалникот Димитриевски зашто не кажал дека се тестирал, Филипче кажа дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе го испитува тоа.
На прашање дали што треба да прави оној што се тестирал за коронавирус додека ги чека резултатите, Филипче рече дека секој штом имал индикација за тест, по тестирањето треба апсолутно да биде во изолација и да прекине секакви контакти.
Филипче додаде дека според епидемемиолошката анкета, ризикот од зараза е многу мал, со оглед на тоа дека носел маска, но одлучил да работи од дома.
Во самоизолација се и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми.
Б. НЕСТОРОСКА