НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЖЕНАВА ЛИЛЕ Е ВО ИГРАТА СО НАС, ГО ПРАШУВА КАМЧЕВ БОКИ 13 ВО НОВА СНИМКА

    НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЖЕНАВА ЛИЛЕ Е ВО ИГРАТА СО НАС, ГО ПРАШУВА КАМЧЕВ БОКИ 13 ВО НОВА СНИМКАИталијанскиот весник денеска објави четири нови разговори меѓу Боки 13 и Орце Камчев. - Принтскрин од видеото објавено од италијанскиот весник „Ла Верита“

    Италијанскиот весник „Ла Верита“ утринава објави ново видео, составено од четири нови аудиоснимки од разговори меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“.

    Првин, двајцата разговараат како се пакувани парите и во каква торба се ставени, а потоа Камчев го прашува Боки 13 дали во играта со нив е влезена и обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот на СЈО „Империја“, во кој тој е првоосомничен и за кој е во куќен притвор. Но, според разговорот од снимката, не добива потврден одговор од Боки 13.

    Транскрипт од дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Боки 13:

    Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.

    Боки 13: Кога било тоа.

    Орце Камчев: Пред да влезам.

    Боки 13: Не знам за претходно.

    Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае (се прекинува снимката од разговорот)

    Во последниот разговор, се слуша женски глас од телефонот на Боки 13, за кој италијанскиот новинар вели дека се работи веројатно за специјалната обвинителка Катица Јанева, и му вели на Камчев да не се секира за ништо, дека сѐ ќе биде ок.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари