НЕДОДЕЛУВАЊЕТО ДАТУМ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА БЕШЕ ГРЕШКА, СЕ ВЕЛИ ВО РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    НЕДОДЕЛУВАЊЕТО ДАТУМ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА БЕШЕ ГРЕШКА, СЕ ВЕЛИ ВО РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТЕвропратениците побараа Северна Македонија и Албанија едногласно да добијат датум за почеток на пристапни преговори на следниот самит (Фото: Европски парламент)

    Европскиот парламент усвои резолуција со која призна дека било грешка што на последниот Самит Северна Македонија и Албанија не добиле датум за почеток на пристапни преговори со Европската Унија, иако двете земји ги исполните сите барања и услови. За резолуцијата гласале 412 пратеници, а 136 биле против.

    Европратениците изразија жалење што Франција, Холандија и Данска ја блокираа одлуката и кажаа дека Северна Македонија и Албанија направиле значаен прогрес во изминатите години и ги исполнуваат критериумите на ЕУ за почеток на преговори.

    Меѓу другото, тие ја пофалија Северна Македонија за решавањето на долгогодишниот спор со Грција и ги поздравија судските реформи во Албанија.

    Парламентот заклучи дека недонесувањето одлука е стратешка грешка, која би можела да го наруши кредибилитетот на Унијата и да им испрати негативна порака на останатите можни кандидати за членство.

    Ова исто така би можело да им овозможи на странски актери, чии активности не се соодветни со вредностите и интересите на ЕУ, да го зголемат своето влијание врз Северна Македонија и Албанија“, се вели во резолуцијата.

    Европратениците им посочија на земјите членки на ЕУ да се однесуваат одговорно кон Северна Македонија и Албанија и да донесат едногласна позитивна одлука на следниот самит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира