НЕГОТИНЕЦ ОБВИНЕТ ЗА РАСИЗАМ, НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ПОВИКУВАЛ НА РОМИТЕ ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ ГЛАСАЊЕ НА ИЗБОРИ

    НЕГОТИНЕЦ ОБВИНЕТ ЗА РАСИЗАМ, НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ПОВИКУВАЛ НА РОМИТЕ ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ ГЛАСАЊЕ НА ИЗБОРИНеготинецот е обвинет за кривичното дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. (Фото: СДК.МК)

    Жител на Неготино е обвинет за расизам зашто на социјалните мрежи повикувал на ромите да им се забрани гласање на избори. Обвинителството соопшти дека по спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривичното дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

    „Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видеоснимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори“, вели Обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира