НЕИЗВЕСНО Е ДАЛИ СОБРАНИЕТО ДЕНЕСКА ЌЕ РАСПРАВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ

    НЕИЗВЕСНО Е ДАЛИ СОБРАНИЕТО ДЕНЕСКА ЌЕ РАСПРАВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИНеизвесно е дали денеска ќе има ново продолжение на шестата седница, на која точка на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, како и дали Собранието за оваа седница ќе работи и викендов (Фото: СДК.МК)

    Собранието денеска во 12 часот ќе ја одржи осмата седница, на која како прва точка на дневен ред е предлогот на завршна сметка на буџетот на Република Македонија за 2016 година, како и повеќе закони поднесени од опозицијата и годишните извештаи на повеќе институции. Неизвесно е дали денеска ќе има ново продолжение на шестата седница, на која точка на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, како и дали Собранието за оваа седница ќе работи и викендов.

    Пратениците денеска треба да расправаат по предлог-законите за изменување и за дополнување на Кривичниот законик во прво читање, дополнување на Законот за исплата на платите, предлог-законот за изменување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка, како и за годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители.

    Вчера Собранието расправаше за разрешување на Зврлевски до 18 часот. Завчера, претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прекина продолжението на шестата собраниска седница откако координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, повторно побара пратениците да прекинат со работа во 18 часот бидејќи голем дел од нив сакаат да го одбележат верскиот празник Павловден со своите семејства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира