Претседатeлот Стево Пендаровски на денешниот брифинг со новинари најави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија. Тој исто така кажа дека нема да бара од Службата за општи и заеднички работи да му се одобрат средства за отворање на канцеларија.
„Немам намера да побарам канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржувам состаноци и средби како поранешен претседател. Нема да барам ни пензија, ќе се вратам на работното место професор”, рече Пендаровски.
Тој најави дека ќе ги поддржи барањата на невладините организации за намалување на ингеренциите на претседателот.
А. АНТЕВСКА