НЕМА ДА БАРАМ ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПЕНЗИЈА НИТУ КАНЦЕЛАРИЈА КОГА ЌЕ МИ ЗАВРШИ МАНДАТОТ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ

    НЕМА ДА БАРАМ ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ПЕНЗИЈА НИТУ КАНЦЕЛАРИЈА КОГА ЌЕ МИ ЗАВРШИ МАНДАТОТ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИПендаровски најави дека повторно сака да работи како професор (Фото: СДК.МК)

    Претседатeлот Стево Пендаровски на денешниот брифинг со новинари најави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија. Тој исто така кажа дека нема да бара од Службата за општи и заеднички работи да му се одобрат средства за отворање на канцеларија.

    „Немам намера да побарам канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржувам состаноци и средби како поранешен претседател. Нема да барам ни пензија, ќе се вратам на работното место професор”, рече Пендаровски.

    Тој најави дека ќе ги поддржи барањата на невладините организации за намалување на ингеренциите на претседателот.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари