НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ СДСМ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ, НО 5 И 8 ЈУЛИ НЕ СЕ ОПЦИЈА ЗА ИЗБОРИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, КАЖА МИЦКОСКИ

    НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ СДСМ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ, НО 5 И 8 ЈУЛИ НЕ СЕ ОПЦИЈА ЗА ИЗБОРИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, КАЖА МИЦКОСКИМицкоски на претседателот Стево Пендаровски му постави ултиматум до крајот на денот да ја продолжи вонредната состојба. - Мицкоски на лидерска средба во претседателската вила (Фото: Претседателки кабинет)

    Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не може да дозволи СДСМ и Зоран Заев да останат на власт уште една година и дека мора да бидат запрени сега, но рече дека 5 и 8 јули не се опција за парламентарни избори за неговата партија. На денешната прес-конференција пред партиското седиште, Мицкоски откри дека многумина му сугерирале да ги остави СДСМ сами на избори за по една година ВМРО-ДПМНЕ да победи и да биде власт во државата.

    „Многумина ми велат, остави ги нека изгорат сами на избори. За една година ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе биде власт во државата. Свесно ќе треба да оставам државата да тоне една година и народот да пати за после една година да победи ВМРО-ДПМНЕ. Не можам тоа да го сторам, не сум таков човек, не сум таков карактер. Јас сум борец и мора да го запреме сега, понатаму се плашам дека ќе биде предоцна“, изјави Мицкоски.

    На претседателот Стево Пендаровски му постави ултиматум до крајот на денот да ја продолжи вонредната состојба.

    „Имаш време денеска до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба, затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услова. Да изработиме протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и да имаме фер и демократски инклузивни избори“, кажа Мицкоски.

    Според него, првата возможна дата за избори е средината на месец јули, а одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за ВМРО-ДПМНЕ 5 и 8 јули не се опција, поради тоа што ОБСЕ доаѓа со помала мисија.

    Вонредната состојба истече ноќеска на полноќ и претседателот Пендаровски во петокот кажа дека нема потреба од нова вонредна состојба. Со истекувањето на вонредната состојба, продолжуваат да течат изборните рокови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира