НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНА НА ПОЛ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

    НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНА НА ПОЛ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВОДиректорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство соопшти дека операции за промена на пол нема да има на товар на Фондот за здравствено осигурување и дека нема да се изведуваат такви операции во јавни здравствени установи.

    „Спроведувањето на оперативни зафати од експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување. Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство“, соопшти Министерството за здравство.

    Од Министерството за здравство велат дека нивна политика е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните и да се намали потребата од патување во странство, и да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори.

    Министерството ноќеска излезе со ова соопштени по денешната изјава од Министерот за здравство Венко Филипче, на регионалната конференција на ЛГБТ заедницата, дека на пациентите на Клиниката за детски болести ќе биде достапен врвен хирург за трансродова хирургија. Тој рече дека хирургот од Србија на Клиниката за детски болести, ќе вршат сложени уролошки операции за кои пациентите претходно биле праќани во странство, а дека сега ќе може да се оперираат во земјата. Тој најави дека наскоро на Клиниката за урологија ќе се отвори и оддел за реконструктивна урологија, каде ќе работи македонски лекар кој бил на усовршување, а ќе се искористи и знаењето на хирургот од Србија.

    На новинарско прашање дали хирургот ќе работи на операции за промена на пол, и дали има интерес, министерот рече:

    „Да, станува збор за трансџендер хирургија, станува збор за многу еминентен хирург од Србија, кој и досега работеше, меѓутоа пациентите досега плаќаа приватно. Имавме бројни средби со претсТавници на ЛГБТ заедницата, кои ни укажаа на овој проблем. Ние тој професор го прогласивме за визитинг професор на Медицинскиот факултет, прво за унапредување на нашите експерти, а потоа за тие услуги на товар на Фондот да им бидат достапни на пациентите во нашата земја. Има интерес. Јас колку што знам професорот веќе има воспоставено контакт со еден пациент, а динамиката на неговото доаѓање ќе биде во зависност од неговиот распоред, затоа што патува насекаде низ светот“.

    Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев во телефонска изјава кажа дека според пресметките што ги правеле една ваква операција ќе чини 15 илјади евра.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира