Родители, роднини, другари, пријатели ноќеска во 02:32 часот се собраа пред дискотеката „Пулс“, каде на 16 март лани во пожар загинаа 63 главно млади луѓе и деца. Со свеќи во рацете и со една минута молк, собраните родители и граѓани им оддадоа почит на загинатите во страшниот пожар што избувна во 02:32 часот во кој беа повредени и над 200 лица.
„Нека светлината сведочи да не заборавиме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, рекоа од Здружението „16 март 2025 Кочани“.

На просторот пред дискотеката вчера беа поставени 63 бели срциња, на кои е испишано името и годината на раѓање на сите 63 загинати. (Фото: МИА)
На просторот пред дискотеката во вчера беа поставени 63 бели срциња, на кои е испишано името и годината на раѓање на сите 63 загинати. Во пожарот во кочанската дискотека загинаа: Алексова Стефанија, Џамов Јорданчо, Трајчев Иван, Ѓоргиев Џоко, Коларов Александар, Величков Иван, Стојанов Андреј, Антова Ивона, Христовски Павел, Димитријев Диме, Насевски Никола, Богданов Тоше, Тодоровски Тоше, Коцева Ана, Живков Адријан, Петрушов Гордан, Горгиев Игорче, Стевановски Филип, Стојанов Томче, Стоименова Моника, Стојанов Стојанчо, Пројковска Николовска Capa, Шопова Марија, Ивановски Петар, Ѓорѓиев Александар, Марковски Матеј, Закова Бојана, Василков Ѓорѓи, Петров Александар, Минова Драгана, Алексова Capa, Ѓорѓиески Андреја, Ивановски Филип, Јорданова Capa, Стрезоска Марија, Ефремов Александар, Велков Игор, Тасева Стојковска Лепа, Атанасовски Мартин, Алексов Александар , Минов Божидар, Милковска Кети, Златков Томас, Соколова Стефанија, Велков Леонид, Наунова Надица, Јорданов Виктор, Панов Андреј, Иванов Димитар, Стоименов Спиро, Владимиров Јове, Андонов Ице, Тасевски Стефан, Величков Ѓорѓи, Стојанов Александар, Христова Сања, Танески Дамјан, Спасова Моника, Лазаров Андреј, Карадакоски Александар, Гавриловски Александар , Стефанов Стојанче, Блажев Владимир Панчо.
Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ во Паркот на револуцијата и со комеморативен настан во Центарот за култура „Бели мугри, денеска во Кочани се одбележува годишнината од пожарот во дискотеката, во спомен на загинатите во пожарот.
Викендов во Кочани беа организирани низа настани за сеќавање на загинатите, меѓу кои и велосипедска тура и кошаркарски натпревар.
Владата организираше меѓународната конференција на која говореа 37 лекари и медицински експерти од странство, кои по трагедијата во Кочани директно учествуваа во лекувањето на пациентите.



