НЕМА ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ МЕЃУ ДУИ И СДСМ, КАЖА АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ МЕЃУ ДУИ И СДСМ, КАЖА АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека нема многу разлики меѓу платформите на ДУИ и СДСМ по вечерашната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Мала Речица на која, меѓу другото, се разговараше за законот за употреба на јазиците.

    „Употребата на албанскиот јазик со устав е загарантирана. Деновиве ќе го свикаме Централното претседателство за да донесеме важна одлука. Во меѓувреме, очекуваме експертите да најдат решенија. Нема многу разлики меѓу платформите на ДУИ и СДСМ. Денеска не разговаравме за потписите, туку за различните ставови на партиите“, изјави Ахмети пред седиштето на ДУИ.

    На новинарско прашање на кој јазик разговарале со Заев, Ахмети одговори – на македонски.

    Претходно, Заев рече дека е оптимист дека преговорите за добивање потписи и со тоа и мандатот за формирање влада ќе завршат деновиве.

    „Се надевам дека овој преговарачки процес ќе заврши набрзо. Јас сум оптимист. Некои работи ги расчистивме со господинот Ахмети. Се надевам дека и нашите стручни тимови ќе го доловат духот во кој ние разговаравме за да можат да изнајдат решенија во рамките на Уставот, да најдеме решение што ќе има практична примена и ќе го олесни животот на граѓаните од албанска националност“, кажа Заев по средбата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира