НЕМА ЛАЖИРАЊЕ СМРТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА И ПРОДАВАЊЕ ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ, УТВРДИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    НЕМА ЛАЖИРАЊЕ СМРТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА И ПРОДАВАЊЕ ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ, УТВРДИ ОБВИНИТЕЛСТВОТООбвинителството за организиран криминал ги испитувало тврдењата во некои медиуми како и сомневањата на Народниот правобранител дека има црна трговија со здрави бебиња, но докази за такво нешто не нашло (Фото: СДК.МК)

    Државното Јавното обвинителство, по предистрагата отворена по допрен глас дека се тргува со здрави новороденчиња, соопшти дека нема место за отворање истрага.

    „По спроведување сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција. Ова обвинителство во декември 2018 година, следејќи ги информациите во медиумите, отвори предмет по допрен глас. Во медиумите беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња. Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија“, вели Обвинителство за случајот.

    По дејствијата преземени од надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, од Министерството за труд и социјална политика и од Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, вели Обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира