НЕМА ЗАКОН СО КОЈ ТАЛАТ ЏАФЕРИ БИ ГИ СТАВИЛ ПРАТЕНИЦИТЕ НА НАРКО ТЕСТ, ЌЕ СЕ ЧЕКА СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД

    НЕМА ЗАКОН СО КОЈ ТАЛАТ ЏАФЕРИ БИ ГИ СТАВИЛ ПРАТЕНИЦИТЕ НА НАРКО ТЕСТ, ЌЕ СЕ ЧЕКА СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДПоследниот систематски преглед на пратениците се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година. - Претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја добил и ја разгледал иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија за доброволно тестирање за дрога на пратениците, но вели дека нема правна можност да го изведе тоа.

    „Во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието би можеле да ја реализираат иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања. Според Законот за безбедност и здравје при работа, член 22, став 1, работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Пратениците и вработените во Собранието, како и сите вработени лица во државата, одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба“, вели кабинетот на Џафери.

    Последниот систематски преглед се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година, најавуваат оттаму.

    Нарко тест се прави преку урина. Таму трагите од дрога се задржуваат подолго отколку во крвта. Може да се прави тест и преку влакно од коса, ама тоа чини околу 1.000 евра по тест.

    „Дополнително, не се точни тврдењата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека Претседателот на Собранието може и без формално покрената иницијатива да утврди одговорност на пратеник“, наведува Џафери.

    Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците, Член 15, претседателот на Собранието нема надлежност во постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки за пратениците, вели тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира