НЕМА ПРИТВОР ЗА ПЕШЕВСКИ И КАНЧЕСКА – МИЛЕВСКА, ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ

    НЕМА ПРИТВОР ЗА ПЕШЕВСКИ И КАНЧЕСКА – МИЛЕВСКА, ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕПратеничката Елизабета Канческа Милевска како министерка за култура со прес конференција кон крајот на октомври 2016 одговори на обвинувањата на СЈО дека злоупотребила службена должност за местење тендери во Министерството (Фото: Ѓ. Личовски)

    За поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и пратеничката Елизабета Канческа – Милевска Основниот суд Скопје 1 одлучи да им ги одземе пасошите, но не и да им одреди притвор. Двајцата се осомничени во одделни предмети на Специјалното јавно обвинителство и против нив е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување.

    Судот одреди само мерки на претпазливост.

    Кривичниот суд соопшти дека „Предлозите кои се дел од предметот во јавноста познат како „Тендери“ за определување мерка притвор против  Е.К.М. и Л.Л.Ц., се одбиваат како неосновани, по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа“.

    Во соопштението на судот се вели дека „предлозите кои се дел од предметот во јавноста познат како „Траекторија“, за определување мерка притвор против В.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира