Бугарија нема да ја промени позицијата за почнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, т.е. нема да го тргне ветото, потврдија од бугарската влада за неколку бугарски медиуми.
Од бугарската влада повторно се повикуваат на декларацијата на бугарскиот парламент од 10 октомври 2019 година и велат дека таа позиција останува и за состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на 14 декември во Брисел.
Во декларацијата на бугарскиот парламент, со која се поставуваат услови за евроинтеграцијата на Македонија, се негира постоењето на македонски јазик и се бара бришење на изразот “бугарски фашистички окупатор”.
Од бугарската влада велат и дека се подготвени да дадат зелено светло за почнување на пристапни преговори на ЕУ со Албанија.
Бугарија се уште има техничка влада, во тек се преговорите за формирање политичка влада по изборите на 14 ноември, трети годинава.