НЕМА ВЕЌЕ РЕЖИМ И ПОДЕЛБИ, СЕ ФАЌАМЕ СО ЕКОНОМИЈА, КАЖА ЗАЕВ ПО ПОБЕДАТА НА ПЕНДАРОВСКИ

    НЕМА ВЕЌЕ РЕЖИМ И ПОДЕЛБИ, СЕ ФАЌАМЕ СО ЕКОНОМИЈА, КАЖА ЗАЕВ ПО ПОБЕДАТА НА ПЕНДАРОВСКИВо наредниот период ќе покажеме како се постигнуваат економски резултати, најави Заев по победата на кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по победата на Стево Пендаровски на претседателските избори кажа дека Северна Македонија доби нов претседател на фер и демократски избори.

    „Никој веќе од денеска нема да застане на патот на прогресот и просперитетот. Нашето место е во Европска Унија, нема веќе режим никогаш. Мицковски и неговите политики на поделби и сеење страв се поразени. Во наредниот период ќе покажеме како се постигнуваат економски резултати”, рече Заев.

    Тој повтори дека ќе има промени во Владата „затоа што тоа им го кажале граѓаните со резултатите во првиот круг на изборите“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира