НЕМА ВЕЌЕ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, ЗА 4 ДЕНА ПРИСТИГНАТИ 9.000 БАРАЊА, ПАРИ ИМА ЗА 7.000 ДОМАЌИНСТВА

    НЕМА ВЕЌЕ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, ЗА 4 ДЕНА ПРИСТИГНАТИ 9.000 БАРАЊА, ПАРИ ИМА ЗА 7.000 ДОМАЌИНСТВАВаучерите ќе се делат по принципот прв дојден, прв услужен. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Затворен е јавниот повик за ваучери за инвертер клими кои го распиша Министерството за економија. За четири дена откако е распишан повикот пристигнати се 9.000 барања, а пари има за 7.000 домаќинства. И понатаму е отворен огласот за ранливите групи на граѓани. За нив огласот е отворен до 15 февруари.

    Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден, прв услужен.

    За доделување на ваучери за инвертер клима уреди во буџетот на Министерството се предвидени 4,1 милион евра.

    Согласно јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024, ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот Регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југозападниот Регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќинствата во останатата територија односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот Регион.

    Ваучерите граѓаните ќе ги добијат на домашна адреса, а ќе можат да го искористат најдоцна до 30 ноември односно до тогаш инвертерот треба да биде монтиран.

    Министерството за економија на јавен оглас ќе одбере и фирми во кои ќе можат со ваучерите и доплата да се купат инвертерите. Продажните салони нема да смеат да ги зголемат цените на инвертерите.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира