НЕМА ВОЛШЕБНО ИМЕ ШТО ЌЕ ГО РЕШИ СПОРОТ, ИЗЈАВИ НИМИЦ ПО СРЕДБАТА ВО БРИСЕЛ

    НЕМА ВОЛШЕБНО ИМЕ ШТО ЌЕ ГО РЕШИ СПОРОТ, ИЗЈАВИ НИМИЦ ПО СРЕДБАТА ВО БРИСЕЛДенешните разговори на посредникот со преговарачите во Брисел се одржа по пауза од три години. - Нимиц, Василакис и Наумовски по средбата

    Посредникот Метју Нимиц кажа дека нема волшебно име што ќе се појави од никаде и ќе го реши спорот по денешната средба во Брисел со преговарачите од Македонија и Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

    „По толку многу години, нема волшебно име што ќе се појави од никаде и ќе го реши спорот. Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија“, кажа Нимиц.

    Тој додаде дека и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на спорот за името и ќе се обидат да ги надминат тешките прашања во следните неколку месеци, но не кажа дали на средбата излегол со нов предлог.

    Денешните разговори на посредникот со преговарачите во Брисел се одржа по пауза од три години.

    Претходно денеска, премиерот Зоран Заев рече дека двете земји уште немаат стигнато дотаму да разговараме за некои нови имиња или слично и верувам дека деновиве ќе се разговара за потврда на желбата на двете страни суштествено да навлезат во решавање на проблемот што Грција го има со нашето уставено име.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира