НЕМААТ КОРОНАВИРУС ДЕВЕТМИНАТА ЛИЦА ДЕНЕС ТЕСТИРАНИ, ОД АЕРОДРОМ ВРАТЕНИ 26 СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

    НЕМААТ КОРОНАВИРУС ДЕВЕТМИНАТА ЛИЦА ДЕНЕС ТЕСТИРАНИ, ОД АЕРОДРОМ ВРАТЕНИ 26 СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИВкупниот број на заразени со коронавирус е 12, со оглед на тоа дека првозаболената пациентка е целосно оздравена и ќе биде пуштена дома.(Фото: K. Попв)

    Негативни се тестовите за сите девет лица кои денеска беа тестирани за коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на коронавирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

    Попладнево на коронавирус биле тестирани уште 8 пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

    Во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

    Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, велат од Министерството, сѐ уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

    Вкупниот број на заразени со коронавирус е 12, со оглед на тоа дека првозаболената пациентка е целосно оздравена и ќе биде пуштена дома.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира