НЕОФИЦИЈАЛНО, 6 ЗАГИНАТИ И НАД 30 ПОВРЕДЕНИ ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО

    НЕОФИЦИЈАЛНО, 6 ЗАГИНАТИ И НАД 30 ПОВРЕДЕНИ ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВОВо болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени. (Фото: СДК.МК)

    Шест патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации од екипите на терен, кои ги извлекуваа настраданите. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени. Од „8 Септември“ велат дека има 4 загинати и уште еден патник е на интензивна нега и му се прави реанимација, додека останатите се вон животна опасност.

    Кон местото на несреќата се пуштени се сите амбулантни возила со кои располагаат државните здравствени установи, а помош понудија и приватните болници. Интервениранираше и Противпожарната бригада со 4 возила и 12 пожарникари.

    Патнички автобус со 50-тина патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира