НЕОФИЦИЈАЛНО ОД КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР: МРТВО ДЕТЕ И ПОВРЕДЕНИ ДЕСЕТИНА ГРАЃАНИ ПО НЕВРЕМЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕОФИЦИЈАЛНО ОД КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР: МРТВО ДЕТЕ И ПОВРЕДЕНИ ДЕСЕТИНА ГРАЃАНИ ПО НЕВРЕМЕТО

    Едно дете било донесено мртво, а уште десетина граѓани се примени во Ургентниот центар по синоќешното невреме во скопско, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пациентите се со различни повреди и дел од нив биле упатени на други клиники.

    Во Центарот за управување со кризи велат дека се уште не можат да излезат со официјална информација за загинати, исчезнати или повредени граѓани.

    Во најкритична состојбата е селото Стајковци. Надојдената вода од планината предизвика одрони и свлечишта и го поплави селото. Уништени се улиците, а водата е навлезена во куќите. Има и удавен добиток и живина.  Водата со себе носела коли, трактори, камиончиња и друга земјоделска механизација.

    Во справување со кризата се вклучени армијата, полицијата, противпожарните единици, службите на градот и приватни компании со механизација.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари