НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БАЛКАНОТ, ИНТЕНЗИВНИ ГРМЕЖИ ВО СКОПЈЕ

    НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БАЛКАНОТ, ИНТЕНЗИВНИ ГРМЕЖИ ВО СКОПЈЕОд задутре ќе биде стабилно и посвежо, но дневните температури ќе бидат во пораст. - Гром над Бардовци (Фото: Ѓорѓи и Сашо Личовски)

    Силно невреме денеска погоди делови од Балканскиот полуостров, а пороен дожд, грмежи и силен ветер имаше и во Скопје вечерва. Во Хрватска, дождот предизвика поплави во Задар, на островот Хвар, како и на делови од Јадранската магистрала.

    Силен ветер пропратен со дожд уриваше стебла и однесе покриви во Сараево, БиХ, а во Србија невреме вечерва имаше во Белград и повеќе други градови во Србија.

    Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје и утре претпладне ќе има локални врнежи со ретки грмежи кои во текот на денот ќе престанат. Во среда услови за краткотраен локален дожд, а во наредните денови стабилно и посвежо, но дневните температури ќе бидат во пораст.

    Фото: Ѓорѓи и Сашо Личовски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира