НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ, ПОЖАРИ, ПАДНАТИ ДРВЈА И ОТКОРНАТ ПОКРИВ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

    НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ, ПОЖАРИ, ПАДНАТИ ДРВЈА И ОТКОРНАТ ПОКРИВ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТЛимен покрив падна на булевар Партизански одреди. (Фото:СДК.МК)

    Скопје попладнево го зафати невреме со силен ветер, а според Пожарната бригада, најголем проблем настана со пожарите.

    Оттаму рекоа дека попладнево имаат премногу интервенции и замолија да се јавиме подоцна.

    Но, ветрот направи проблем и со дрвјата во населбите Карпош, Капиштец и други. Лимен покрив падна на булевар Партизански одреди, спроти бензинската „Окта“, а дрво во Капиштец. Има пожари кај хотелот „Александар Палас“, во Нерези на Водно и на други места во градот.

    Делови од Скопје се без струја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира