НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ МОЖЕ ДА ПОЧНАТ ДА СЕ СПРЕМААТ ДА СОБИРААТ ПОТПИСИ, ЗАЕВ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ БРИШЕ УСЛОВОТ ОД ДВА ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ

    НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ МОЖЕ ДА ПОЧНАТ ДА СЕ СПРЕМААТ ДА СОБИРААТ ПОТПИСИ, ЗАЕВ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ БРИШЕ УСЛОВОТ ОД ДВА ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕИма амбиент и целосно да се избрише условот, процентот за потписи за независните кандидати, кажа премиерот Заев. (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев, по реакциите на граѓаните, но и на претседателот Стево Пендаровски, кој вчера се чудеше како е возможно кандидат за претседател на државата и кандидати за советник во Град Скопје да собираат исто, по 10 илјади потписи за учество на избори, рече дека таквиот предлог од големите партии ќе се избрише од предложените измени на Изборниот законик.

    „Има амбиент, се разговара потребниот процент за учество на независните кандидати на локалните избори да биде 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во општината, или тој да биде целосно укинат“, рече Заев на денешната промоција на хидросистемот Јужновардарска долина за земјоделците од Удово, Јосифово, Калково и Пирава, вреден 24 милиони евра.

    Вчера Пендаровски кажа дека нема да потпише указ за Изборен законик и поради тоа што измените се сака да се донесат два дена пред распишување на локалните избори.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе ги распише на 6 август, а тие би требало да се одржат на 17 октомври.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира