НИЕДЕН УСТАВЕН СУДИЈА НЕ ЗАСТАНА ЗАД МИТКО ЧАВКОВ ДА ЈА УРНЕ ИЛИ ПРОШИРИ АМНЕСТИЈАТА ЗА 27 АПРИЛ НА СИТЕ ОСУДЕНИ

    НИЕДЕН УСТАВЕН СУДИЈА НЕ ЗАСТАНА ЗАД МИТКО ЧАВКОВ ДА ЈА УРНЕ ИЛИ ПРОШИРИ АМНЕСТИЈАТА ЗА 27 АПРИЛ НА СИТЕ ОСУДЕНИСудијата-известител Владимир Стојановски кажа дека не може Уставниот суд да му кажува на Собранието, кое е надлежно да донесе закон за амнестија дали да амнестира. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Уставните судии негативно ја пречекаа иницијативата на осудениот на 18 години казна затвор Митко Чавков, за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот во Собранието на 27 април 2017, со која сакал да ја оспори амнестијата на дел од обвинетите, која не важеше за него.

    Уште на почеток судијата-известител Владимир Стојановски кажа дека не може Уставниот суд да му кажува на Собранието, кое е надлежно да донесе закон за амнестија дали да амнестира.

    „Собранието го овластува судот да амнестира, одредувајќи му за кои дела смее обвинето лице да го амнестира, а за кои не смее. Собранието не кажува кого судот да го амнестира, а кого не. Тоа си беше оставено на обвинителството и на судот“, кажа Стојановски.

    Чавков ја поднел иницијативата зашто смета дека таа е селективна, бидејќи за исти кривични дела, според него, селективно била вршена амнестијата за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година.

    Од 33-ца обвинети, 15-мина беа амнестирани, меѓу нив и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието за да влезат насилниците. Амнестијата опфати и други обвинети или осудени лица во помали судски предмети околу настаните на 27 април.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира