НИКОЈ НЕ КРЕВА ТЕЛЕФОН ВО ДИК ЗА ПАДНАТАТА ВЕБ-СТРАНА, КОНЕЧНИТЕ ОСВОЕНИ МАНДАТИ УШТЕ НЕ СЕ СООПШТЕНИ

    НИКОЈ НЕ КРЕВА ТЕЛЕФОН ВО ДИК ЗА ПАДНАТАТА ВЕБ-СТРАНА, КОНЕЧНИТЕ ОСВОЕНИ МАНДАТИ УШТЕ НЕ СЕ СООПШТЕНИДИК се уште нема закажано ни прес-конференција барем на класичен начин да ги соопштат конечните резултати. (архивска фотографија)

    Продолжува да не работи веб-страната на Државната изборна комисија, која падна синоќа, веднаш по завршувањето на гласањето во 21 часот. По долга пауза, токму кога траеше пребројувањето, сајтот некако се креваше, ама периодично за утрово целосно да е мртов.

    Во моментов на нашите телефонски повици и смс пораки, никој не одговара од ДИК. Го прашавме и претседателот Оливер Деркоски за скандалот што се случи со нивната веб-страна, но тој не одговара. Се уште нема закажано ни прес-конференција барем на класичен начин да ги соопштат конечните резултати. Последното што го најави синоќа Деркоски е дека бројот на освоените мандати на партиите и коалициите-учесници на овие избори ќе биде соопштен денес.

    Последната пресметка објавена и неапдејтирана на ДИК е дека коалицијата на СДСМ победи со 324.084 гласови или 36,12 отсто, пред коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто. Понатаму следуваат: ДУИ со 101.432 гласови или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива со 76.425 или 8,57 отсто, Левица со 37.420 или 4,17 отсто и ДПА СО 13.563 или 1,51 отсто.

    Според оваа пресметка на ДИК, коалицијата на СДСМ освоила 46 пратенички мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира