НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВИЛ НА ОГЛАСОТ ЗА АНЕСТЕЗИОЛОГ НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

    НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВИЛ НА ОГЛАСОТ ЗА АНЕСТЕЗИОЛОГ НА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈАДиректорката на Клиниката за гастроенетерохепатологија Калина Гривчева-Старделова рече дека ќе се обидат повторно со нов оглас, но смета дека нема слободни анестезиолози и дека клиниката не е доволно атрактивна за да се пријават и да дојдат да работат кај нив. (Фото: СДК.МК)

    Клиниката за гастроентерохепатологија има потреба да вработи анестезиолог, поради зголемените барања на пациентите одредени дијагностички процедури да бидат спроведени со анестезија, но на јавниот оглас никој не се пријавил. Директорката на Клиниката за гастроенетерохепатологија Калина Гривчева-Старделова рече дека ќе се обидат повторно со нов оглас, но смета дека нема слободни анестезиолози и дека клиниката не е доволно атрактивна за да се пријават и да дојдат да работат кај нив.

    „Добар дел од нашите пациенти сакаат да бидат успиени при нашите прегледи и затоа двапати неделно имаме екипи од Клиниката за анестезија да ги сетираат. Баравме вработување на анестезиолог, но никој не се јави. Слободни мислам дека нема, но не им е предизвик на тие што доаѓаат на нашата клиника, а има потреба од вработување анестезиолог“, рече Гривчева-Старделова, на отворањето на новиот оддел на Клиниката.

    Недостиг од анестезиолози има и во останатите јавни здравствени установи, а според министерот за здравство Венко Филипче анестезиологијата е струка која е дефицитарна не само во нашата земја, туку и во регионот и во европската Унија.

    „Има се повеќе постапки и методи каде претходно не се користела анестезија, сега заради комодитет на пациентите и заради ширење на индикационите постапки сè повеќе се користи. Тоа е секаде во светот не само кај нас. Затоа дадовме толку многу согласности за вработување на Клиниката за анестезија и нови специјализации. Но, се соочивме со недостаток на ментори, ни треба еден плански пристап кој сега го имплементираме. За да се надополни бројот на анестезиолози почнавме со размена на анестезиолозите меѓу различни здравствени установи, меѓу Клиниката за анестезиологија и другите болници во Скопје, но и другите општи болници во земјата, во Гевгелија, Кавадарци, Штип и Кочани имаат договор за размена. Тој модел функционира секаде низ светот“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира