НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ АМНЕСТИРАН ПОРАДИ ПРОПУШТЕНИ РОКОВИ, КАЖА ХАН ЗА СЛУЧАИТЕ НА СЈО

    НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ АМНЕСТИРАН ПОРАДИ ПРОПУШТЕНИ РОКОВИ, КАЖА ХАН ЗА СЛУЧАИТЕ НА СЈОЕврокомесарот Јоханес Хан ги повика политичките партии што побрзо да дојдат до решение за Законот за Јавно обвинителство. - Хан и Заев на денешната прес-конференција во Владата (Фото: К. Попов)

    Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вели дека е клучно до октомври е да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото и сите политички страни да покажат одговорност се во интерес на иднината на државата и граѓаните. Тој вели дека за ЕУ најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи и никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови.

    „За нас има само неколку црвени линии, а најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да биде гарантирано. Ние така го гледаме владеењeто на правото“, кажа Хан.

    На заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев, тој рече дека мора да се покаже нула толеранција во борба против корупција и организираниот криминал.

    „Она што е клучно до октомври е да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото. Сега е време сите политички страни да покажат одговорност се во интерес на иднината на државата и граѓаните. Сите треба да бидат фокусирани на октомври, да ги испорачаат потребните реформи и да дадат дополнителен стимул на државата. Во регионот е потребен овој позитивен сигнал да ја вратиме во живот ЕУ перспективата за државите во регионот. Затоа постои регионална, покрај државна одговорност сите треба да бидат свесни за можноста, но и одговорноста“, изјави Хан.

    Со предложениот Закон за Јавно обвинителство, кој од следната недела влегува во собраниска процедура се предвидува Специјалното јавно обвинителство да се припои кон Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Новото обвинителство ќе се вика Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира