ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ниту една институција која на 27 април била раководена од нивен кадар не дала согласност на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, вработен во српската амбасада во Скопје, да влезе во Собранието, како што вчера изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека сега е во опозиција, во текот на денешниот ден во рамките на своите можности вршеше проверки и утврди дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение“, стои во соопштението на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштениетото издедено попладнево, по повод заладувањето на односите со Србија по повлекувањето на целиот дипломатски персонал од српската амбасада во Скопје во неделата, најголемата опозициона партија изразиува „загриженост за објавената, од страна на Република Србија, шпионска афера која има меѓународни димензии, имајќи предвид дека е меѓудржавна.“
Тие ја повикуваат новата влада која сега има контрола на сите институции, да провери дали такво нешто имало, и доколку имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение.