НИКОЛА ПОПОСКИ ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, РЕАГИРА СИНДИКАТОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НИКОЛА ПОПОСКИ ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, РЕАГИРА СИНДИКАТОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ

    Синдикатот на македонската дипломатска служба реагира дека пратеникот Никола Попоски лажно се претставува како министер за надворешни работи по неговото интервју за еден италијански весник, дадено во просториите на министерскиот кабинет. Во отворено писмо до вршителот на должноста министер за надворешни Илија Исајловски, СМДС побара објаснување за досегашните случувања, итна корекција на сите сегменти каде пратеникот Попоски фигурира како министер за надворешни работи и отворање на ова прашање пред Владата.

    Синдикатот на дипломатите ги цитира членовите 63 од Уставот, потоа 5 и 9 од Законот за пратеници, како и 8 од Изборниот законик, според кои на пратеникот Попоски функцијата заменик-премиер и министер за надворешни работи му престанала по сила на законот со денот на верификацијата на мандатот пратеник на 30 декември.

    „Извесно е дека не се работи за ниту теориска можност за примена на членот 93 од Уставот, бидејќи во Владата на која ѝ престанал мандатот има нејзини членови кои не станале пратеници, па оттука не може да стане збор дека постои каква и да е неопходност оние членови на таквата Влада кои станале пратеници – да продолжат да ги држат своите претходни функции заради опасност од дисфункционализација. Таков е случајот и со Министерството за надворешни работи, со оглед на тоа што заменикот МНР во какви и да е услови на спреченост на МНР – исцело ги има ингеренциите да ја врши функцијата МНР. Следствено, сè што по 30 декември 2016 година презел пратеникот Попоски претставувајќи се како МНР е лажно претставување, па дури треба и да се разгледа евентуалната кривична одговорност“, велат од дипломатскиот синдикат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира