Ќе се реновира пругата од Скопје до Кичево, кажа денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој рече дека во првата фаза преку Европската унија ќе се обезбеди грант од 5,3 милион евра за физибилити студија и проект. Носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која ќе избере консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди. По изработката на анализите, во втора фаза ќе започнат работите на пругата.
„Постојната железничка линија од Скопје до Кичево е во лоша состојба бидејќи во моментов невозможно е по нејзе да оперираат возови и затоа решивме да ја реконструираме. Ќе се постави модерна сигнализација согласно најдобрите европски стандарди за безбедност и сигнализација и истата ќе ја електрифицираме бидејќи и пругата сега да беше во добра состоја по нејзе би можеле да оперираат само дизел локомотиви. Ова ќе значи подобро поврзување помеѓу Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево. За истата разговраваме со ЕУ и се договороивме ЕУ да обезбеди грант од 5, 3 милиони евра за физибилити студија со анализа на трошоци и приодбивки,идејни проекти и нацрт текст за инвестициски грант“, рече Николовски на прес-конференцијата во Владата.
Тој додаде дека во напредна фаза е изградбата на брзата пруга на Коридор 10, пуштена во функција е пругата од Куманово до Бељаковце, а се работи на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. За пругата кон Бугарија, Николовски каже дека очекува наскоро да има финален договор меѓу двете страни.