Посредникот на ОН Метју Нимиц во наредните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје за со нив да го разгледа ова прашањето за името, соопшти грчката телевизија ЕРТ.
Како што пренесува државната агенција МИА, грчката телевизија вели дека дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.
Нимиц посочува дека предлозите што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк на стартот од преговорите се општоприфатиливи за двете земји, и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на поранешната југословенска Република Македонија (БЈРМ).
На 20 јануари, Нимиц, во интервју за „Сител“, кажа предлогот не само што не навлегува во идентитетот, туку напротив го зацврстува и зајакнува. Тој вели дека сега е моментот да се донесе одлука за името и дека неговиот нов пакет предлози не го загрозува македонскиот идентитет.