НИНА АНГЕЛОВСКА Е ИЗБРАНА ЗА НОВА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ

    НИНА АНГЕЛОВСКА Е ИЗБРАНА ЗА НОВА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ31-годишната бизнисменка Нина Ангеловска е првата жена на чело на Министерството за финансии. (Фото: К. Попов)

    Со 64 гласа „за“ и 18 „против“, Собранието ја избра Нина Ангеловска за нова министерка за финансии. Веднаш по неа, пратениците го изгласаа и Хисен Џемаили за нов министер без ресор, со 61 глас „за“ и 21 „против“.

    31-годишната бизнисменка Нина Ангеловска е првата жена на чело на министертвото за финансии. Во дводневната дебата пратениците од опозицијата зборуваа главно за Ангеловска, а речиси воопшто не за Џемаили.

    Откако двајцата положија заклетва, си заминаа, а премиерот Зоран Заев на нова точка на денешната собраниска седница, ги претставува замениците министри кои ги предлага.

    За заменик-министер за економија предложен е Кирил Колемишевски, за заменик-министер за образование и наука Елизабета Наумовска и за политички систем и односи со заедниците Неџат Мехмедовиќ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира