НИНЏА ВООПШТО НЕ БИЛ ВО ВМРО-ДПМНЕ, А НЕ ПАК ДА ГИ ВИДЕЛ ТАМУ РИСТОВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ КАКО ГО ОРГАНИЗИРААТ 27 АПРИЛ, ТВРДИ НИВНИОТ АДВОКАТ

    НИНЏА ВООПШТО НЕ БИЛ ВО ВМРО-ДПМНЕ, А НЕ ПАК ДА ГИ ВИДЕЛ ТАМУ РИСТОВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ КАКО ГО ОРГАНИЗИРААТ 27 АПРИЛ, ТВРДИ НИВНИОТ АДВОКАТАлександар Василевски - Нинџа на 21 февруари 2019 сведочеше дека командно оперативниот штаб од каде се координирал нападот на Собранието бил на 8. спрат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде кажа дека ги начекал Спире Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Билјана Бришковска и Митко Чавков. - Миле Јанакиески, Александар Василевски - Нинџа, Спиро Ристовски (Фото: СДК.МК)

    По воведните зборови на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска против Трајко Вељаноски, Спире Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски дека со умисла организирале упад и тешки насилства и повреди на пратеници на 27 април 2017 година, за да го спречат мирното примопредавање на власта од ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ, денеска воведни зборови даваат обвинетите.

    „Ова е политички нарачан процес. Ќе докажеме дека ова, и Специјалното обвинителство, биле важна алка за изгласување на уставните измени, искористувајќи го овој настан (27 април н.з.). Обвинението против мене е смешно и неиздржливо. Пратеник не може да одговара за своите постапки како пратеник, исто како и судиите и обвинителите, зашто тоа им е загарантирано со устав“, рече Вељаноски, кој кажа дека ги почитувал Уставот и законите како претседавач. Додаде дека обвинителството ги повредило неговите права во истрагата.

    „Првпат конститутивна седница на новото Собрание по изборите во 2016 година одржана е на крајот на февруари, кога немаше кворум, а првпат барање за продолжување на конститутивната седница на иницијатива на пратениците се случи дури на 28 март 2017 година. Нема логика дека обвинетиот Трајко Вељаноски, Спире Ристовски и Миле Јанакиески спремале терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Во меѓувреме, многу порано, почнаа секојдневни протести пред Собранието. Ќе докажеме дека пратеникот Зекирија, кому Вељаноски како претседавач му дал збор, имал право процедурално да се јави“, кажа адвокатот на Вељаноски.

    Русковска на минатото рочиште, во воведните зборови кажа дека Вељаноски одбил да се изврши промена на точките на дневниот ред на седницата на предлог на пратеникот Оливер Спасовски и 10 пратеници, со што ги скршил законот и деловникот.

    „Но, не заборави да се допишува со негов лидер Никола Груевски, да му даде преку ред збор и да не го спречи пратеникот Зекирија Ибраими да ја испее албанската химна во пленарната сала“, рече таа, обвинувајќи го како тогашен втор човек во државата, дека ништо не презел за да го спречи хаосот и насилствата тој ден во Парламентот.

    „Пораката до лидерот на партијата Никола Груевски, не може да претставува инкриминирачко дејство. Протестите ќе беа мирни и на 27 април, ако не изреагираше импулсивно пратеникот Ибраими“, рече неговиот адвокат.

    За Ристовски и Јанакиески истиот адвокат рече дека во пораките до месните комитети околу протестите пред 27 април, нема ништо поттикнувачко или насилно.

    „Нема никаква комуникација меѓу овие двајца со осудените за насилствата таа вечер“, рече тој.

    „Сите членови доаѓајте пред Собрание, сега е момент“, е една од пораките што им ги праќале на месните комитети.

    Според адвокатот, не постоел организиран превоз од Миле и Спире, на граѓани за протести под „Заедничка Македонија“, а Русковска ги гони токму за тоа.

    Тој рече дека сведокот (неправосилно осудениот) Александар Василевски-Нинџа, кој ги посочува двајцата како организатори, воопшто не бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира