НОВА БЛОКАДА НА ЈАНЕВА, ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА НЕ Ѝ ДАВА ИСТРАЖИТЕЛ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:244:"КатицаЈаневаќегодаденадисциплинскадиректоротнаФинансоватаполицијаАлександарТргачевскиотинеѝдавафинансовистражител";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВА БЛОКАДА НА ЈАНЕВА, ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА НЕ Ѝ ДАВА ИСТРАЖИТЕЛ

    Управата за финансиска полиција не му доделува уште еден истражител на Специјалното јавно обвинителство, кое го побарало уште пред неколку недели, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК . Веднаш штом директорот на Управата Александар Тргачевски му одговорил на Специјалното обвинителство дека нема услови таму да биде распореден уште еден финансов истражител, тој распоредил 12 истражители од Финансовата полиција во Основното јавно обвинителство Скопје.

    Во Скопското обвинителство се распоредени најголемиот број од истражителите од Финансовата полиција и од МВР, дури 70. Само за Специјалното обвинителство нема дополнителен истражител.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК во Специјалното обвинителство потврдуваат дека побарале дополнителен истражител од Управата за финансова полиција и дека ќе чекаат одговор до утре. Како ќе го решат проблемот со оваа најнова сопка во работењето, која овојпат доаѓа од Финансовата полиција, во СЈО не коментираат.

    Неофицијално, пак, ако до утре не добие одговор за дополнителниот истражител, или ако одговорот биде негативен, со оглед на тоа дека околу 70 истражители од Финансовата масовно се определени кај обвинителите во Скопското обвинителство, специјалната обвинителка Катица Јанева била подготвена да покрене дисциплинска постапка против директорот на Управата Тргачевски.

    Дознаваме дека дисциплинската постапка ќе биде поднесена до министерот за финансии Зоран Ставрески, под чија надлежност се наоѓаат Управата за финансова полиција и директорот Тргачевски. Соработниците на Јанева појаснуваат дека според Законот за кривична постапка, не може да биде одбиена наредбата на јавен обвинител, кој бара истражител во својот тим за истраги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари