НОВАТА ВЛАДА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ИЗГЛАСА ИДНАТА НЕДЕЛА, НАЈАВИ ЗАЕВ ОД БРИСЕЛ

    НОВАТА ВЛАДА БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ИЗГЛАСА ИДНАТА НЕДЕЛА, НАЈАВИ ЗАЕВ ОД БРИСЕЛЗоран Заев на прославата пред Владата на 11 декември по прогласувањето на прелиминарните резултати од изборите кога изјави дека граѓаните успеале со пенкало да урнат режим (Фото: Ѓ. Личовски)

    На почетокот на идната недела Македонија би требало да има нова влада, изјави лидерот на СДСМ и мандатар за состав на влада Зоран Заев во Брисел.

    Тој, по заедничката вечера на високата претставничка на ЕУ за безбедносна политика Федерика Могерини со лидерите на шест земји од западниот Балкан изјави дека уште не се разговара за конкретни имиња, иако со ДУИ и со Алијансата за Албанците веќе станало збор и за распределба на ресорите, па и за кадрите.

    „Со партијата Беса уште не сме стигнале да разговараме за кадрите, се уште разговараме за ресорите, вкупниот број, пропорциите и одговорноста. Верувам дека многу брзо ќе дојдеме да разговараме и за имиња. Сите лидери заклучивме дека ќе се обидеме до крајот на неделата да го доставиме предлогот за влада во Собранието. Луѓето очекуваат резултати, очекуваат подобрувања, започнување на реформите. Согласно Деловникот, дебатата во Собранието трае 48 часа тоа значи дека на почетокот на следната седница би требало да има нова влада“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира