НОВИ 1.168 КОВИД ПОЗИТИВНИ ОД 3.353 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА УШТЕ 18 ПАЦИЕНТИ

    НОВИ 1.168 КОВИД ПОЗИТИВНИ ОД 3.353 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА УШТЕ 18 ПАЦИЕНТИВо изминатите 24 часа во Ковид-центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот; - Брза помош пред монтажната болница до Инфективна. (Фото: К. Попов)

    Осумнасет лица починаа по компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 3353 тестирања регистрирани се 1.168 нови случаи на ковид-19, вели Министерството за здравство.

    Починати се пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84), двајца од Куманово (66 и 80), еден пациент од Штип (54), еден од Тетово (73), двајца од Битола (82 и 73), еден од Охрид (84), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66), еден од Струмица (55) и еден пациент од Кратово (74). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

    513 нови позитивни се регистрирани во Скопје, во Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7.

    Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти од: Скопје-394, Куманово-25, Штип-27, Прилеп-22, Тетово-49, Велес-33, Битола-14, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-6, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-1, Неготино-2.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од коронавирусот, а пријавени се 35 оздравени пациенти кои се пуштени дома. Според Министерството за здравство, вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во Ковид-центрите е 694.

    Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

    По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти на позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациент, во Велес се лекуваат 71 болен, а во Куманово 70 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 96 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 46.062, оздравеа 26.981, починаа 1.281, а активни случаи се 17.800.

    Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 20.253, активни 8.254
    • Куманово 3.005, активни 821
    • Дебар 412, активни 97
    • Штип 2.127, активни 486
    • Прилеп 2.100, активни 878
    • Тетово 3.120, активни 1051
    • Струга 1.070, активни 285
    • Велес 1.390, активни 742
    • Битола 1.300, активни 669
    • Охрид 1.117, активни 497
    • Кавадарци 864, активни 400
    • Гостивар 1.688, активни 526
    • Гевгелија 557, активни 214 (27 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 98 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1.338, активни 641
    • Крива Паланка 327, активни 108
    • Радовиш 341, активни 130
    • Крушево 65, активни 36
    • Кочани 994, активни 319
    • Пробиштип 289, активни 95
    • Демир Хисар 144, активни 68
    • Македонски Брод 126, активни 22
    • Пехчево 82, активни 22
    • Берово 275, активни 76
    • Валандово 135, активни 44
    • Виница 267, активни 133
    • Делчево 340, активни 182 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 123, активни 78
    • Свети Николе 636, активни 179
    • Кичево 925, активни 413
    • Ресен 332, активни 119
    • Неготино 320, активни 215 (26 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Направените 3.353 теста се преку: ИЈЗ-904, ЦЈЗ Скопје-112, Авицена-387, Биотек-431, МАНУ -260, Жан Митрев (Филип Втори)-287 , Систина со ПЦР метода -296, лабораторија Лаор –82, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-10, ГАК-0, Синлаб-145, Ремедика-27, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -301, УК Пулмологија со алергологија –2 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 500
    • Гази Баба – 1151
    • Аеродром -1256
    • Карпош – 1070
    • Центар – 1028
    • Кисела Вода – 1021
    • Ѓорче Петров – 680
    • Бутел – 430
    • Шуто Оризари – 144
    • Студеничани – 41
    • Сарај – 108
    • Арачиново -26
    • Илинден – 199
    • Сопиште – 59
    • Чучер Сандево – 83
    • Петровец –82
    • Зелениково -54
    • Странец – 149
    • Нераспределен- 173

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира