НОВИ БАРАЊА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ НА 20 СУДИИ, ВКУПНАТА БРОЈКА СЕ ИСКАЧИ НА 127

    НОВИ БАРАЊА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ И ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ НА 20 СУДИИ, ВКУПНАТА БРОЈКА СЕ ИСКАЧИ НА 127Во тек на изборен процес, по распишување на избори, Судскиот совет законски не смее ниту да бира, ниту да разрешува судии, па сега, велат оттаму, се користи оваа забрана за да се истражат и сработат сите 127 барања од разни подносители. (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет на денешната седница формирал комисии за нови 14 барања за утврдување одговорност на 20-тина судии, меѓу кои и претседатели на судови. Заедно со претходните барања за одговорност на 107 судии, вкупната бројка се зголеми на 127.

    Во Судскиот совет велат дека известители веќе ги испитуваат претходните 107 барања за разрешувања. Меѓу нив имало и звучни имиња на судии од Основниот суд Скопје 1 и од Врховниот суд.

    „Истражната” постапка завршува со предлог до Судскиот совет за дисциплинска мерка, за разрешување или за отфрлање на барањето за разрешување. Во тек на изборен процес, по распишување на избори, Советот законски не смее ниту да бира, ниту да разрешува судии, па сега, велат оттаму, се користи оваа забрана за да се истражат и сработат сите 127 барања од разни подносители.

    Најновите барања за разрешување се однесуваат на судии од внатрешноста и главно се за нестручно и несовесно работење, поради локално кабадахиско однесување на судии од помалите градови и по други основи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира