Новинарот на Телма Павле Беловски вечерва бил нападнат од непознато лице пред зградата на МВР непосредно пред да се јави во живо во последното издание на вестите, јави телевизијата.
Напаѓачот го удирал со тупаници. Полицајците кои биле во близина го привеле напаѓачот.
Телевизијата најави пријава за нападот врз новинарот додека ја извршувал својата задача во близина на зградата на МВР.
Пред зградата на МВР има неколку новинарски екипи кои се јавуваат за своите медиуми со вести во врска со истрагата на СЈО во УБК што се врши со два судски налога.