НОВИНАРИТЕ НЕЗАКОНСКИ ИСФРЛЕНИ ОД СОБРАНИЕТО, ПРЕСУДИ СТРАЗБУР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИНАРИТЕ НЕЗАКОНСКИ ИСФРЛЕНИ ОД СОБРАНИЕТО, ПРЕСУДИ СТРАЗБУР

    Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека новинарите биле незаконски исфрлени од Собранието на 24 декември 2012 година за време на расправата за буџетот и ѝ наложи на државата да им исплати по 5.000 евра компензација на тужителите Насер Селмани, Тони Ангеловски, Билјана Дамеска, Фросина Факова, Снежана Лупевска и Наташа Стојановска.

    Во денешната пресуда на Судот во Стразбур, донесена едногласно од седумте судии, е наведено дека во случајот „Селмани и други против Македонија“ имало прекршување на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, која се однесува на правото на фер сослушување и прекршување на членот 10 од Европската конвенција, кој се однесува на слободата на изразување. Исто така, Судот соопшти дека Владата не успеала да го убеди Судот дека било неопходно или оправдано да се отстранат новинарите од галеријата во Собранието.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур и ќе излезе со официјална изјава по консултациите со Управниот одбор на ЗНМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира