НОВИНАРСКА ЕКИПА НА „АЛ ЏЕЗИРА“ НАПАДНАТА НА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ПАРТИЈАТА ПОБАРА ОД НАДЛЕЖНИТЕ ДА ГО РАСВЕТЛАТ СЛУЧАЈОТ

    НОВИНАРСКА ЕКИПА НА „АЛ ЏЕЗИРА“ НАПАДНАТА НА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ПАРТИЈАТА ПОБАРА ОД НАДЛЕЖНИТЕ ДА ГО РАСВЕТЛАТ СЛУЧАЈОТНапаѓачот ѝ го бутна микрофонот на новинарката додека земаше изјава од еден од учесниците на протестот. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Новинарката на „Ал Џезира Балканс“ Милка Смилевска и нејзиниот снимател беа нападнати за време на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје.

    Како што објави Смилевска на Фејсбук, напаѓачот ја прашал дали е од „Ал Џезира“ пред да ѝ го бутне микрофонот додека земаше изјава од еден од учесниците на протестот и таа смета дека тоа било повод за нападот. Напаѓачот е приведен, вели таа, и ќе му биде поднесна пријава од полицијата, а таа вели дека нема да го тужи.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека осудуваат секакво вид насилство на новинари и побараа од надлежните органи да го расветлат случајот.

    „ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум. Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест“, велат од партијата.

    Нападот го осудија и ЗНМ И ССНМ.

    „Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволиво во демократски земји. Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните“, велат од новинарските здруженија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира