НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА СО ПЛАТА НАД 18.000 ДЕНАРИ ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ СУБВЕНЦИОНИРА 20 ОТСТО

    НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА СО ПЛАТА НАД 18.000 ДЕНАРИ ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ СУБВЕНЦИОНИРА 20 ОТСТО„Нема да биде стимулирана ниту една компанија која не им дава пристојни плати на вработените. помошта за стимулирање на вработувањата што ја делела претходната Влада достигнувала и по 11.000 евра за конкретно работно место, а вработените добивале плата од по 8.000 или по 10.000 денари“, вицепремиерот Кочо Анѓушев со премиерот Зоран Заев на една од владините седници (Фото: Влада на РМ)

    Милијарда денари или 16, 2 милиони евра во буџетот за следната година се одвоени за поттикнување на вработувања. Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, рече дека средствата за поттикнување на вработувањата следната година ќе бидат повисоки за 5 отсто во однос на оваа година.

    „Со овие пари ќе стимулираме нови подобро платени работни места. Ќе се стимулираат само фирмите што даваат повисоки плати за да се зголемат личните доходи. Нема да биде стимулирана ниту една компанија ни еден субјект во Македонија, која нема да даде достојна плата на граѓаните. Плата поделена под 18.000 денари нема да се стимулира. Сѐ што е над таа плата ќе се стимулира со 20 отсто од буџетот, за новите вработувања, кои чекале повеќе од три месеци во Агенцијата за вработување или за сите кои излегуваат директно од образовниот процес“, рече Анѓушев.

    Тој кажа дека се одлучиле на ваков потег, бидејќи помошта за стимулирање на вработувањата што ја делела претходната Влада достигнувала и по 11.000 евра за конкретно работно место, а вработените добивале плата од по 8.000 или по 10.000 денари.

    Буџетот за 2018 година е проектиран на 211,7 милијарди денари или 3,4 милијарди евра, и според Анѓушев ќе овозможи раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,2 отсто и дефицит од 2,7 отсто. За капитални инвестиции предвидени се над 24 милијарди денари или 400 милиони евра, од кои 3,5 милијарди денари за патна и железничка инфраструктура, 5,9 милијарди денари за комунална и енергетска инфраструктура.

    „За 91 отсто скратени се непродуктивни трошоци за рекламирање и промоција, што е најголемо скратување на средставата во Програмата за економски развој. За поддршка на домашни гринфилд инвестици наменети се 900 милиони денари, 585 милиони денари за привлекување на странски инвестиции, и 385 милиони денари за поддршка на инвестициони вложувања“, рече Анѓушев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира