НОВОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ ПОБАРА ОД ВЕЉАНОСКИ ДО ПЕТОК ДА ГО СВИКА СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ ПОБАРА ОД ВЕЉАНОСКИ ДО ПЕТОК ДА ГО СВИКА СОБРАНИЕТО

    Новото парламентарно мнозинство зад коe стојат 67 пратенички потписи прави план за избор на претседател на Собранието за да се одблокира работата на институциите и да се излезе од политичката криза.

    Извори од новото парламентарно мнозинство брифираат дека најверојатно до петок ќе побараат од претседавачот на седницата Трајко Велјаноски да го свика продолжението на конститутивната седница од 30 декември. На дневен ред се останати точките за избор на Комисијата за избори и именувања и за нов собраниски спикер.

    За начинот на продолжување на конститутивната собраниска седниц и изборот на нов претседател на Собранието вчеравечер разговараа лидерите на ДУИ и на СДСМ Али Ахмети и Зоран Заев во седиштето на социјалдемократите во Скопје. Детали за што разговарале Ахмети и Заев не се соопштуваат.

    Ахмети по средбата за Телевизијата Алсат-М изјави дека разговарале за стратегијата како да се стават во функција институциите и како да се излезе од пат- позицијата.

    “Неопходно е највисокиот законодавен орган, Собранието, да се изнајдат начини да профункционира со најдобра намера, да продолжиме понатаму со преговорите за градење на институциите со кои треба да се води државата“, изјави лидерот на ДУИ Ахмети.

    Ахмети рече дека интензивно се разговара како да се изведе продолжувањето на конститутивната седница која започна на 30 декември минатата година.

    Според него, најдобра варијанта било прво да се избере собраниски спикер, кој преку Собранието ќе го извести претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано мнозинство од 67 пратеници за формирање влада и направена е програма врз основа на која ќе се побара мандатот да го даде на Заев. Потоа коалиционите партнери ќе разговарале за персоналниот состав на новата влада.

    Извори од новото парламентарно мнозинство брифираат дека средби помеѓу претставници на ДУИ, СДСМ, движењето Беса и Алијансата за Албанците има секојдневно, освен со ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

    Извори од парламентарните партии велат дека во случај ако партиите кои обезбедиле 67 пратенички потписи, побараат да се продолжи конститутивната седница, очекуваат претседавачот на седницата поранешниот спикер Трајко Вељаноски да го примени собранискиот деловник и да закаже продолжението на седницата.

    Конститутивната седница запна кај формирањето на собраниската Комисија за избори и именувања, која треба да го даде името на новиот собраниски спикер. Партиите не можеа да се договорат за составот на комисијата. Не можеле да се договорат ДУИ и движењето Беса, бидејќи ДУИ со 10 пратеници треба да има еден претставник, исто колку и движењето Беса иако имаат само пет пратеници.

    За денес е најавена средба на лидерот на СДСМ Заев со движењето Беса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира